Теslа повлекува повеќе од 125.000 возила во САД

Теslа повлекува 125.227 возила во САД поради дефект на системот за предупредување на безбедносниот појас…

Овој дефект може да го зголеми ризикот од повреди при судар, соопшти американската Национална управа за безбедност во сообраќајот на автопатиштата…

Според FoNet, регулаторното тело рече дека возилата не ги исполниле федералните безбедносни барања бидејќи предупредувачкото светло за безбедносниот појас и звучникот може да не се активираат кога возачот е откопчан.

Како што е наведено, возилата Model S 2012-2024 години, Model X од 2015м до 2024 година, Model 3 од 2017 до 2023 година и Model Y од 2020 до 2023 година се повлекуваат..

Tesla ќе објави кога ќе го ажурира софтверот на тие возила за да го реши проблемот, процес кој се очекува да започне o вој месец, во јуни.

Тоа е трет проблем на производителот на автомобили од почетокот на годината, бидејќи 200.000 модели на Model S, X и Y беа отповикани во јануари поради софтверски дефект што може да го попречи видот на возачите при возење во рикверц, а 3.878 Cybertrucks беа повлечени во април за да го поправат тоа подлога за педали, која можеше да се олабави и да се заглави.

 





НАЈНОВИ