Koenigsegg Jesko Attack „опточен“ со 24-каратно злато

Koenigsegg ќе произведе само 125 примероци на Jesko, а еден целосно покриен со сјајни карбонски влакна и украсен со 24-каратно злато штотуку ја напушти фабриката на ова ексклузивна марка производител на хипер автомобили…

Шведскиот производител на автомобили претстави замена за моделот Agera уште во 2019 година, а клиентот кој ја нарачал примерок што е прикажана на фотографиите бил инспириран од особено познатиот модел Agera RS.

Таај Agera, познат и како Phoenix  (Феникс), првично беше произведен за американскиот магнат Мани Кошбин (Manny Khoshbin) и има карбонски панели што патем се и украсени со златни детали.

Во случајот на ова Jesko, секој дел од надворешноста е направен од изложен јаглерод со проѕирна обвивка која содржи златни честички.

Различни надворешни детали се обложени со вистинско 24-каратно злато, а тоа ги вклучуваат предните крила, краците на ретровизорите, централниот дел на предната маска, аеро динамичните странични прегради и лизгачките плочи на задните крила.

Други златни акценти на ексклузивниот автомобил вклучуваат значки на Koenigsegg и линии што се протегаат преку покривот.

Станува збор за верзијата Attack на моделот Jesko, која е фокусирана на перформансите на патеката. Затоа има пакет од агресивни аеро динамични компоненти дизајнирани да ја зголемат надолната сила (down force), вклучувајќи задно крило, подраматичен преден сплитер и препознатлив за моделот дифузер.

Koenigsegg го продава Jesko и во варијанта Absolut, кој е дизајниран за големи брзини, истиот нема задно крило, а теоретски достигнува брзина поголема и од 480 km/h.

Сите верзии на Jesko се придвижувани од истиот 5,0 – литарски турбо мотор со осум (8) цилиндри поставени во форма на латинската буква V, кој развива моќ од импресивни 1.280 КС кога работи на гориво E85.

Моторот е поврзан со девет ( 9) степен менувач преку кој моќта на моторот се пренесува на задните тркала.





НАЈНОВИ