Која генерација е најмногу „дива“ на патот?!

Повеќето, или подобри речено на секому од нас барем еднаш му се случило имал тешко време зад воланот…

Понекогаш бавниот возач вози далеку под лимитот, а вие веќе доста доцните. Или автомобилот што реши да кампува на брзата лента на автопатот.

Но, неодамнешното истражување покажа дека некои генерации се повеќе склони да се лутат зад воланот од другите. Имено, компанијата Nextbase спроведе истражување поврзано со бесот на патиштата, кое покажа дека гневот зад воланот влијае на некои генерации многу повеќе од другите. Еден особено се издвојува во таа анкета.

Горенаведеното истражување, кое беше спроведено во септември и октомври 2023 година, опфати речиси 1.400 луѓе, а судејќи според резултатите, милениумците поминаа најлошо.

Генерацијата родена помеѓу 1981 и 1995 година е очигледно најчувствителна на бесот на патиштата.

Милениумците добија дури 47 отсто од гласовите во истражувањето, генерацијата Х помалку од половина од тоа – 21,4 отсто. Генерацијата Z е уште помалку бесна зад воланот и „освои“, само 19,7 проценти.

Очигледно, на милениумците не им оди баш најдобро бидејќи, според истражувањата, тие се вклучени во дури половина од сите инциденти на патот, пренесуваат информативните агенции.

Индексот што секоја година го објавува американскиот автомобилски клуб ААА, во кој студиите покажаа дека милениумците се однесуваат ризично зад воланот почесто од другите генерации, не ги поддржува.

Исто така, според податоците на Националната управа за сообраќај на автопати, агенција на американската сојузна влада, милениумците се најопасните возачи на патиштата. Податоците покажуваат дека оние родени во генерацијата, моментално на возраст меѓу 25 и 34 години, имаат најмногу сообраќајни несреќи, најмногу фатални несреќи и втор најголем процент на расеано возење.

Јуџин Херберт (Eugene Herbert ), извршен директор на MasterDrive, изјавува: „Најбезбедните возачи се откриени дека се Baby Boomers. Возачите на возраст меѓу 63 и 72 години учествувале во најмалку сообраќајки, во просек само 14 на 100.000. Втората најбезбедна група е генерација Z – возачи на возраст меѓу 16 и 24 години. Нивниот просек е 44 на 100.000, што се`уште  е значително повеќе“





НАЈНОВИ