Mitsubishi Outlander GSR

Mitsubishi ја претстави новата GSR верзија на Outlander PHEV во Австралија, за да го задржи интересот на клиентите таму во сегментот со многу конкуренти…

Накратко, новиот Outlander PHEV GSR доаѓа со црни елементи (заштитни компоненти, предна маска, Outlander натписи на хаубата, ретровизори, прозорски рамки, заден спојлер на покривот…), црни алуминиумски тркала од 20 инчи, како и ексклузивен опција со две бои (комбинација – Red Diamond/Black Mica).

Внатрешноста со темна тема се карактеризира со контрастни сребрени шевови на контролната табла, облогите на вратите и кожните седишта.

Опремата вклучува 12,3-инчен дигитален инструмент табла, 9,0-инчен информативно забавен дисплеј, Bose аудио систем со 10 звучници, загреани седишта, панорамски покрив и помошник за возење MI-Pilot.

Plug – in -хибридниот погон (2,4 литри бензинец и два електромотори) има моќност од 185 kW/252 КС и максимален вртежен момент од 450 Nm, додека литиум-јонската батеријасо капацитет  од 20 kWh е доволна за возење само на струја од 84 km.

Mitsubishi Australia инсистира дека Outlander GSR претставува „спорт, стил и софистицираност“, истакнувајќи ја неговата долгогодишна важност за Mitsubishi Motors, како ха домашно, така и на меѓународно ниво.

Mitsubishi Outlander PHEV GSR ќе биде достапен кај дилерите кон крајот на овој месец Март, по цена од 73.790 австралиски долари (односно пресметано во европска валута околу 44.680 евра).





НАЈНОВИ