Колкава е разликата во реалната потрошувачка на гориво споредено со официјалните податоци?

Официјалните податоци за потрошувачката на гориво на производителите на автомобили и реалноста на патиштата се сè поразлични…

Ова е заклучокот на истражувачката организација Меѓународен совет за чист транспорт (ICCT) во студија објавена оваа недела. Така, во 2022 година, автомобилите со мотори со внатрешно согорување регистрирани во Германија трошеле 14 отсто повеќе бензин или дизел по поминат километар во реални услови отколку што е наведено во фабричките податоци (мерење на WLTP) и испуштале 14 отсто повеќе CO2 што е штетно за климата.

Во 2018 година разликата меѓу официјалната и реалната потрошувачка била помала и изнесувала 8 отсто, објавија неки специјализирани портали и магазини. Со мерењата на WLTP, информациите за потрошувачката на автомобили треба да бидат пореални, но тоа очигледно не се случи. Барањата на Европската унија за производителите да ги намалат емисиите на CO2 очигледно не постигнуваат никакви резултати.

Покрај официјалните податоци за потрошувачката собрани од Европската агенција за животна средина, анализата се заснова на записите за потрошувачката на гориво што ги забележале возачите во нивното секојдневно возење преку порталот Spritmonitor.de. Примени се податоци од повеќе од 160.000 возила .

Марки со особено високи вредности се Opel, Hyundai, Ford и Seat. За Mercedes-Benz, VW, BMW и Audi, реалната потрошувачка беше поблиска до наведената (номиналната во проспекти и упатства). Во стариот тест циклус на NEDC, трендот беше обратен: Audi потроши многу повеќе од официјалните бројки, додека Opel и Hyundai имаа најмала разлика.

Европската комисија сега воспостави свој метод за спречување на измами: од 2021 година, производителите мора да инсталираат мерни уреди во новите автомобили, кои автоматски ги информираат овластените државни органи за вистинската потрошувачка.

Сепак, податоците од овој мониторинг на возилата не се јавно достапни и можат значајно да се анализираат само по одложување од неколку години. Првиот привремен статус, кој ЕУ го објави во ноември 2023 година, откри уште поголема разлика меѓу официјалните и вистинските податоци на ICCT од 22 отсто, пишува Der Spiegel.





НАЈНОВИ