Колку и да се трудат некои производители да најдат алтернативи за скапи и (релативно) ретки материјали користени во изработка на батериите, тие сè уште доминираат…
Во следните неколку години сигурно ќе бидеме сведоци на важни технолошки достигнувања и намалување на тие суровини во батериите, но дотогаш производителите зависат од нив.
Затоа батериите се скапи, а засега и со сомнителни еколошки придобивки, бидејќи суровините се добиваат со нееколошки методи, а самата хемија на батериите не е најздрава за животната средина, што ќе биде проблем при нивното отстранување.
Просечната литиум-јонска батерија содржи околу 28,9 килограми никел, 7,7 килограми кобалт и 5,9 килограми литиум
Ако не се рециклираат, овие метали одат во отпад.
Има и околу 80 килограми бакар и околу 30 килограми графит за вкупна тежина од околу половина тон (за просечен електричен автомобил), пренесуваат специјализираните портали.
Иако се предвидува дека литиум-јонската батерија ќе содржи помалку метал во 2030 година, рециклирањето на овие материјали сепак ќе биде важно за да се задржи растечката глобална побарувачка за литиум-јонски батерии. Или ќе добиеме некоја нова технологија.