Најавен нов Citroen C3 Aircross

По новиот hatckback модел C3 (и електричната верзија на e-C3), Citroen оваа недела ќе ја претстави и новата генерација на моделот C3 Aircross…

Поточно, премиерата на втората генерација на C3 Aircross ќе се случи на 18 април, а најавата е придружена со кратко најавно видео.

Станува збор за компактен SUV модел кој ќе биде близок роднина на неодамна претставената нова Opel Frontera, што значи дека C3 Aircross ќе биде достапен и во целосно електрична верзија.

Неговата должина ќе биде околу 435 см, а ќе биде достапен во верзија со седум седишта.

Предниот дел е моделиран по новиот хечбек (hatchback) C3, со ново лого на Citroen во средината.

Исто така, на клиентите ќе им бидат достапни бројни опции за персонализација, вклучително и контрастниот покрив.

Според најавите, внатрешноста ќе се карактеризира со просторност и модуларност, а треба да се запомни дека новата Frontera има багажник од 460 литри (1600 литри со склопени задни седишта).

Што се однесува до опремата, како хечбекот C3, C3 Aircross, меѓу другото, ќе добие LED предни светла, head-up дисплеј, помош при паркирање одзади и активно безбедносно сопирање, 10,25-инчен инфозабавен екран со сателитска навигација, комфорни седишта, безжично полнење телефон, камера за рикверц и автоматско вклучување на светла и бришачи.

Во однос на погонските единици, се очекува сличен асортиман како кај новиот хечбек C3.

Има 1,2 литарски бензинец од 75 kW/102 КС, поврзан со рачен менувач, како и благ (mild) хибриден со три цилиндри – Hybrid 100 погонски агрегат (горе споменатата единица од 1,2 литри, но додава батерија од 48 V и нов менувач e-DCS6 со двојна спојка со интегриран електричен мотор со моќ од 28 КС).

Целосно електричниот хечбек e-C3 се напојува со електричен мотор од 83 kW/113 КС, но новиот e-C3 Aircross би можел да добие поголема моќност и батерија од 50 kWh наместо 44 kWh.





НАЈНОВИ