Lada Vesta SW Sportlinе

AvtoVAZ (Lada) го најавува почетокот на продажбата на Vesta Sportline во караван SW издание (се нуди во лимузинска верзија од ноември минатата година)…

Vesta Sportline доби екстериер со црвени детали, модифицирани браници, преден спојлер, поголеми дискови на сопирачките, издувен систем со две издувни цевки, 17-инчни тркала и црн покрив.

Во внатрешноста има двобојни спортски седишта со подобра странична потпора и букви Lada Sport, дигитална контролна табла, 10,4-инчен екран на допир, волан со три краци, црвени шевови и спортски педали.

Две воздушни перничиња, загреано ветробранско стакло, задни сензори за паркирање, задна камера, клима уред и загреан волан се дел од опремата.

Под хаубата е модернизиран 1,6 литарски мотор со 118 КС и 151 Nm, максималната брзина е 186 km/h, а забрзувањето до 100 km/h трае 11 секунди.

Цената за Vesta SW Sportline во Русија е 2.350.900 рубли (23.570 евра).

Lada исто така објави дека го зголемила производството на автомобили на 374.077 единици во 2023 година, додека производството на 500.000 автомобили е планирано за 2024 година, како и проширување на гамата (проширена Lada Aura, електричен Largus…).

 





НАЈНОВИ