Маратонот oд 48 часа, а во тоа време се вброен и одморот (спиење) во камп, при што во оваа етапа натпреварувачите поминаа 835 километри…
Себастиен Леб (Sebastien Loeb) ја постигна својата 25-та победа на релито Дакар, што полека го прави еден од најдобрите, а се израмни со Хироши Масуока (Hiroshi Masuoka), кој е шести најодликуван натпреварувач на најпознатото и најголемото рели-реид натпреварување на планетата.
Иако Карлос Саинц (Carlos Sainz) водеше во пласманот на крајот од првиот ден и спиеше во бивакот како лидер, до крајот на вториот 48HR, 6-та етапа од Дакар 2024 година, тој не го зачува своето водство. Заврши 2′:01” зад Леб. Матијас Есктром (Mattias Esktröm ) го заврши маратонот на третото место, 10′:55“ зад Леб. Сепак, на крајот на 48HR, најмногу причина за задоволство е тимот на Audi. Саинц поведе во генералниот поредок, а Есктром го зазеде второто место со 20 минути заостанување, додека Леб се искачи на третото место со речиси половина час заостанување.
Поз.бр Возач/Совозач Тим Време Заост.
Казн
1 204(esp) Carlos Sainz Team Audi Sport 24h 59′ 32” 00h 00′ 10
(esp)Lucas Cruz
2 207(swe) Mattias Ekstrom Team Audi Sport 25h 19′ 53” + 00h 20′ 21” 0h 02′ 00”
(swe) Emil Bergkvist
3 203(fra) Sebastien Loeb Bahrain Raid Xtreme 25h 29′ 03” + 00h 29′ 31” 00h 15′ 00”
(bel) FFabian Lurquin
Во конкуренција на мотоциклисти, Адријан Ван Беверен (Adrian Van Beveren )постигна најдобро време од 48HR, со што ја оствари првата победа на овогодинешниот Дакар, а вкупно четврта. Ван Беверен , возачот на Hondа, беше во водство дури на „полувремето“ 48 HR и го задржа до крајот на 6-та етапа. Второто место на маратонската етапа го зазеде Тоби Прајс (Toby Price ) на КТМ, кој заостана нешто повеќе од четири минути, а трет на целта беше Рики Брабек (Ricky Brabec )на Hondа, но кој сега е лидер во генералниот пласман, со 5 ′:51” предност зад вицешампионот Рос Бранч (Ross Branch )од Tim Hero и победникот на маратонот Ван Беверен, кој заостанува 9′:21”.
Утре, 13 јануари, е ден за одмор за возачите и екипажот, но сервисните служби ќе работат со полна гас за продолжување на релито.
Поз.Бр Возач Тим Време Заост.
1 9 (usa) Ricky Brabec Monster Energu Honda Team 27h 11′ 21” 00h 01′ 00”
Казни
2 46 (bwa) Ross Branch Hero Motosport Team Relly 27h 12′ 12” + 00h 00′ 51”
00h 01′ 00”
3 42 (fra)Adrien Van Beveren Monster Energu Honda Team 27h 20′ 42”+00h 09′21”