Lamborghini Sian Roadster се продава за 4,6 милиони долари

Lamborghini го претстави Sian во купе издание на саемот во Франкфурт во 2019 година (направена е серија од само 63 примероци), додека уште поve’e ексклузивниот Sian Roadster беше претставен во 2020 година и понуден во само 19 парчиња.

И Sian Roadster има електрифициран погонски систем, со комбинација од 6,5-литарски V12 бензински мотор и 48V благ хибриден систем со електричен мотор од 34 КС, со погон на четири тркала и седум ( 7) -брзински менувач со двојна спојка.

Комбинираната моќност е 602 kW/819 КС, па автомобилот од 0 до 100 km/h забрзува за 2,9 секунди и достигнува максимални 350 km/h. Еве ја информацијата дека односот тежина-моќ е 2,0 kg/hp.

Sian Roadster чинеше 3,2 милиони долари нов, додека F1rst Motors во Дубаи сега бара 4,6 милиони долари за овој таков убавец на четири тркала.

 

НАЈНОВИ