Lancia Ypsilon HF & Lancia Ypsilon Rally 4 HF

Откако ја покажа најновата еволуција на своето HF лого, претходно оваа 2024 година, Lancia сега ја промовираше спортската HF верзија на новата генерација на моделот Ypsilon…

Како што е наведено, Ypsilon HF ќе пристигне на пазарот во текот на следната 2025 година и ќе биде 100% електричен (ќе располага со батери со капацитет од 54 kWh), а компанијата исто така потврди дека автомобилот ќе има моќ од 177 kW/240 ks , што би требало да биде доволно за забрзување од 0, до 100 km/h за само 5, 8 секунди.

Од Lancia исто така потврдија дека Ypsilon HF ќе има поширока патека на тркалата, поспортска суспензија, потоа нови тркала, како и дотерана надворешност (автомобилот е 4 cm поширок од стандардниот модел) и внатрешност со спортски HF седишта и волан со Лого на HF.

Како што е наведено, Ypsilon HF е израз на најконкурентната душа на брендот и на високите перформанси. Lancia повторно е инспирирана од своето минато, реинтерпретирајќи ја да гледа во иднината со голема амбиција.

Што се однесува до логото, тоа е еволуција на оригиналот кој датира од 1960 година, составен од мал слон и акроним.

Инаку, од Lancia наведуваат дека „боите на логото на HF – бела, црвена и црна – се повторно искористени, без додавање графички елементи, за да се поедностави и да се направи почист, притоа почитувајќи ја непогрешливата геометрија на брендот Lancia.

Компанијата додава дека новото лого е посовремено и дека е „совршен баланс помеѓу минатото и иднината“.

Тука е и Ypsilon Rally 4 HF, што го претставува враќањето на Lancia на релито.

Марката ја претстави новата програма посветена на мотоспортот и првата нова генерација на тркачка Lancia, Ypsilon Rally 4 HF, која ќе учествува во шампионатот Rally 4.

За разлика од патниот Ypsilon HF со електрично ергеле од 240 КС, тркачкиот Ypsilon Rally 4 HF има турбо бензински мотор, со работен волумен од 1.2 – литри, во конфигурација со три цилиндри, со моќно ергеле од 212 коњски сили сместени под хаубата.

Пакетот покрај тоа вклучува и погон на тркалата на предната оска, потоа механички само блокирачки диференцијал како и мануелен менувач на брзини со пет( 5) степени на пренос на силата.

Компанијата сè уште не го официјализираше датумот на деби на малата рели бомба.

Како и да е сезоната 2025 би можела да биде идеална за враќање во светот на натпреварувањата и возбудите зад воланот.





НАЈНОВИ