Larte Design BMW X6

Откако го претстави својот пакет на модификации за BMW XM на крајот на минатиот месец, Larte Design сега ја претставува својата понуда за моделот  BMW X6…

И овде акцентот е првенствено на надворешниот дизајн, со карбонски влакна и сет поголеми тркала.

Пакетот меѓу другото вклучува хауба, преден сплитер, маска од карбонски влакна, капаци на страничните ретровизори, странични прагови, заден спојлер, модифициран заден браник со дифузер, комплет тркала од 21 до 23 инчи и нови издувни цевки.

Цената на пакувањето со комплетот од карбонски влакна е 32.300 евра, при што се истакнува и дека елементите може да се купат поединечно, па „украсувањето“ да ве чини поевтино.





НАЈНОВИ