Apple наводно дополнително го одложи производството на автомобилот

Одвреме-навреме во јавноста „протекуваат“ информации за проектот автомобил на Apple, за кој се шпекулира речиси цела деценија…

Новите информации велат дека на пазарот ќе се појави најрано во 2028 година. Наводно, илјадници луѓе со години работат на проектот за автономен електричен автомобил, со кодно име Titan, за него се зборува речиси цела деценија, а најгласните, иако непроверени, информации во текот на 2017 и 2018 година велат дека Apple ангажирал (вработил) до 5.000 луѓе на него.

Но, светската економска и здравствена криза, како и техничките пречки, го одложија лансирањето на автомобилот на Apple, имаше и гласини за масовно отпуштање на експерти од проектот Titan, како и промена кон производство на само софтвер за автономни и поврзано возење.

Сега повторно доаѓаат нови информации, од обично сигурни извори. Bloomberg дозна дека големиот чекор, првото претставување на автомобил со брендот на Apple, дополнително ќе биде одложен. Наместо во 2026 година, како што налагаа претходните планови, таа беше поместена најрано за 2028 година, пишуваат специјализираните портали.

Ниту автономното возење нема да биде главната предност на ова електрично возило. На можното претставување на првата генерација, „iCar“ ќе понуди само автономија од ниво 2+, што е приближно на ниво на Автопилотот на Tesla и други конкурентни решенија што веќе ги гледаме овде-онде на патиштата и при тестирањето.

Во Apple, тие се надеваат дека на крајот ќе ја подигнат автономијата до целното ниво 4 (што значи дека ќе може да вози без возач или човечка контрола, но не во апсолутно сите услови). Идејата за автомобил целосно без волан или педали и ниво на автономија од 5, очигледно е напуштена и од Apple.

Марк Гурман (Mark Gurman ) од Bloomberg заклучува дека проектот Titan се соочува со клучна одлука: „Или компанијата ќе може да испорача производ со малку намалени очекувања, или менаџментот ќе мора сериозно да размисли за потребата од целиот проект“.

 

 





НАЈНОВИ