Lexus NX Overtrail

Lexus воведува нови верзии на своите познати модели, па сега на ред е NX…

Неговата нова верзија Overtrail не е робустен теренски автомобил, туку специјална интерпретација на NX, идеална кога сакате да побегнете од се` на руралните патишта.

Според информативните агенции, дизајнот на Lexus Next Chapter на NX доби нова перспектива со зголемена суспензија и инсталирање на 18-инчни алуминиумски тркала со нов дизајн со дебели гуми за сите терени.

Има и униформа црна завршница за куќиштата на ретровизорите, рачките на вратите, лакови на тркалата и багажниците на покривот, метални црни лајсни за прозорци и мат црни тркала.

На маската е даден дополнителен акцент со светла метална обработена рамка и мрежа.

Овие детали се во одлична хармонија со бојата на Moon Desert, песочна метална нијанса која е ексклузивна за опремата Overtrail (достапни се уште шест бои).

Подигнувањето на суспензијата за 15 mm ја зголемува вкупната висина на возилото на 1675 mm, зголемувајќи го растојанието од подлогата и овозможувајќи му на возачот подобар поглед на околината. Слично на тоа, растојанието од подлогата е зголемено на 200 mm, така што класата Overtrail може лесно да се справи со погрубите патишта.

Има и ексклузивен изглед на внатрешноста, со предни спортски седишта обложени со црна вештачка кожа со потпори за телото во каки боја. Вметнувањата на вратата и просторот за складирање на централната конзола се исто така направени во соодветен каки.

Има и технолошки иновации. Системот за климатизација користи напредна технологија за квалитет на воздухот nanoe-X, внесувајќи милијарди мали молекули на вода во системот за климатизација. Ова има докажано дејство во борбата против бактериите, вирусите, мувлата и непријатните мириси, а истовремено помага и за освежување на човечката коса и кожа со навлажнувачки ефект.

Новото ниво Overtrail е достапно со сите NX погонски единици во Европа: NX 350h hybrid, NX 450h+ plug-in hybrid и NX 350 бензинец.

 





НАЈНОВИ