Renault планира нов SUV позициониран помеѓу Captur и Austral

Renault треба да претстави нов SUV кон крајот на оваа 2024 година, со сè уште неименуваниот модел кој ќе ја пополни празнината помеѓу Captur и Austral…

Целта на Французите е да се натпреваруваат со Toyota C-HR и останатите од тој сегмент. Новитетот треба да биде долг околу 4400 mm, што е нешто подолго од Captur, но помалку од Austral.

Некои претходни извештаи во француските автомобилски медиуми сугерираа дека Renault работи на подолга верзија на Capture, што ќе резултира со повеќе простор за задните патници и нивниот багаж.

Сепак, засега не е јасно дали новиот SUV ќе ги дели каросериските панели со малку помалата изведба, односно со Captur или ќе има уникатен дизајн. Овде треба да се запомни дека Renault има слична стратегија со моделите Austral и Espace, па се поставува прашањето дали тоа би можело да се повтори и во помалите сегменти.

Според британскиот Autocar, новиот модел најверојатно ќе ги дели CMF-B основите со Clio, Captur и Arkana (Megane Conquest), што ќе му овозможи да се продава по цена од околу 25.000 фунти (29.180 евра).

Докажаната компатибилност на платформата со хибридни и plug-in хибридни погонски единици е важна за компактниот SUV сегмент – особено во Европа, каде што повеќето производители на автомобили нудат повеќе од една електрифицирана опција за нивните модели.

Ако гласините за лансирање во 2024 година се вистинити, тогаш шпионските фотографи треба да почнат да забележуваат камуфлирани прототипови на компактниот теренец, откривајќи одреден степен на визуелна диференцијација со Captur. Вториот исто така е планиран за дотерување до средината на животот во 2024 година (на сликата), усвојувајќи го најновиот стилски јазик воведен минатата година од Rafale и Scenic E-Tech.





НАЈНОВИ