Мал детал на инструмент таблата што многумина возачи не го забележуваат – а е многу корисен

На контролната табла во автомобилите има многу симболи, но еден мал детал често останува незабележан од голем број возачи. Станува збор за малата стрелка покрај симболот за гориво, која може да биде од голема помош при секојдневното возење.

Оваа стрелка покажува на која страна од автомобилот се наоѓа капачето за полнење гориво. Ако стрелката е свртена налево, тоа значи дека резервоарот се полни од левата страна на возилото. Доколку е насочена надесно, капачето се наоѓа на десната страна.

Иако овој детал е присутен во многу модерни автомобили, голем број возачи не знаат за неговото значење. Тој е особено корисен кога возите автомобил што не е ваш – на пример изнајмен автомобил, службено возило или кога позајмувате автомобил од пријател.

Со помош на оваа стрелка лесно можете да одредите од која страна треба да застанете на бензинска пумпа, без потреба да излегувате од автомобилот или да проверувате однадвор.

Ова мало решение значително ја олеснува секојдневната употреба на автомобилите и спречува непријатни ситуации кога ќе застанете на погрешната страна од пумпата.

Иако станува збор за едноставен детал, многу возачи признаваат дека дури по години возење откриле што всушност означува оваа мала стрелка.

НАЈНОВИ