Manhart нуди засилени Mercedes-AMG C63 S E Performance, кој сега има повеќе од 700 КС…
Овој хибриден спортски седан се нарекува Manhart C63 CRE700 и комбинира 2.0-литарски со четири цилиндри мотор заедно со електричен мотор.
Додека серискиот модел има комбинирана моќност од 680 КС и 1020 Nm максимален вртежен момент, Manhart CRE700 е малку помогнат затоа што возачот има на располагање моќност од 725 КС и 1120 Nm вртежен момент.
Покрај тоа, Manhart предвидува и изменета суспензија (автомобилот е спуштен за 20 mm), исто така и спортски издувен систем како и комплет тркачки ленти како украс на каросеријата.