Ова возило се нарекува Autonomous Road Repair System – скратено ARRES – и моментално се тестира во Велика Британија…
Развиен од научници од Универзитетот во Ливерпул и технолошката фирма Robotiz3d, користи различни сензори, камери и друга технологија во комбинација со опрема што ги пополнува пукнатините.
Покрај тоа, ARRES има можност за далечинско управување, а целта на проектот е да развие нешто што може самостојно да врши поправки на патишта 24 часа на ден.
Според тоа што го пренесуваат специјализираните портали, сè уште не се откриени конкретните детали за тоа како точно функционира ова (може да се види од видеото), но тестовите ќе продолжат за дополнително да го приспособат целосниот систем за официјална употреба.
Исто така, има планови за изработка и на поголема верзија која може да работи на армија од повеќе помали системи, за изведување на посложени операциии на патиштата.
ARRES е дизајниран за автономно извршување на задачите за полнење (пополнување) на пукнатини додека ги комбинира револуционерните карактеристики на така наречените ARRES Eyea, решенија за истражување на патиштата, систем што е воден од вештачка интелигенција, со најсовремена роботика и беспилотна (без човелчки екипаж) мобилност.