Toyota Hilux EV ќе пристигне до крајот на 2025 година

Шефот на Toyota во Тајланд ги објави плановите за целосно електрична варијанта на популарниот пик-ап на брендот – моделот Hilux и тоа веќе до крајот на следната година….

Во декември 2022 година, Toyota на јавноста за прв пат го покажа концептот Hilux BEV и тоа на церемонијата на која јапонскиот производител ја прослави 60-годишнината од своето работење во Тајланд.

Тоyota тогаш не даде детални информации за возилото, но навести дека барем дел од развојот на EV пикапот е направен во Тајланд, каде што Hilux е многу популарно возило.

Оваа недела, Toyota Thailand потврди дека сериска верзија на овој електричен пикап е така речено тука, зад аголот, но не прецизираше каде ќе се произведува истиот.

Компанијата исто така ја проучува и можноста за воведување електричен Hilux на европскиот пазар.





НАЈНОВИ