Mansory Rolls-Royce Spectre

Електричниот Rolls-Royce Spectre наскоро ќе добие комплетна Mansory програма за подесување, но за почеток е подготвен само нов сет на тркала …

Станува збор за тркала Mansory FD.15 од 23 инчи со полиран финиш и самонивелирачки централен Mansory амблем. Во наредните месеци ќе се појави и целосно модифициран Mansory Spectre, најавен со заматена слика на која се гледа профилот на автомобилот.

Пакетот ќе вклучува модифицирани браници, преден спојлер, комплет странични прагови, заден спојлер и неколку други различни опции на тркалата.

Дополнителните компоненти се во златна боја, со суптилна мат црна боја што го покрива остатокот од каросеријата.

Покрај тоа, понудата ќе вклучува и бројни опции за доработка на ентериерот.

Очигледно, Mansory нема да го допре електричниот погон кој има моќ од 430 kW/584 КС и 895 Nm максимален вртежен момент.





НАЈНОВИ