Mansory Venatus S со 900 КС во само 9 примероци

Германската тјунинг куќа Mansory прикажува уште еден Venatus S, всушност модифициран Lamborghini Urus S…

Накратко, Venatus S добива елементи од јаглеродни влакна (преден спојлер, хауба, отвори за воздух на предните калници, комплет прагови, заден дифузер, спојлер на багажникот, заден спојлер на покривот), како и двобојна надворешност (во случај на овој пример, тоа е виолетова-црна комбинација).

Достапни се и спортски издувен систем, тркала до 24 инчи и изменета суспензија, додека префинетата внатрешност се карактеризира со жолто-виолетова кожа и карбонски влакна.

Под хаубата се наоѓа 4,0 литарски twin-турбо V8 мотор, тука засилен до 900 КС и 1100 Nm вртежен момент (забрзувањето до 100 km/h сега е 2,9 секунди, а максималната брзина е зголемена на 325 km/h).

Цената не се споменува во кратките вести, а најавена е ограничена серија од само девет примероци.

 





НАЈНОВИ