Scenic E-Tech electric –Прогласен Автомобил на годината 2024 во Европа

  • Европското жири го прогласи Scenic E-Tech електричен автомобил на годината за 2024 година.

  • Компактен, доволно лесен за градски патишта и опремен со технологија за поголема удобност при долги патувања… Scenic E-Tech electric може да се пофали со опсег до 625 km (WLTP)!

  • Scenic е седмото возило од марката Renault кое е прогласено за „Автомобил на годината“.

Scenic E-Tech electric беше прогласен за автомобил на годината за 2024 година. Резултатите беа објавени во понеделник, 26 февруари на церемонијата на Меѓународниот автомобилски саем во Женева (Швајцарија).

По првиот круг на гласање во ноември минатата година, Scenic се најде меѓу седумте финалисти: BMW Series 5, BYD Seal, Kia EV9, Peugeot E-3008/3008, Renault Scenic, Toyota C-HR и Volvo EX30.

Победникот на натпреварот го избра жирито составено од 59 автомобилски новинари од 22 земји.

Scenic го освои првото место со 329 поени и стана седми по Renault 16 (1966), Renault 9 (1982), Clio (1991), Scenic (1997), Megane (2003) и Clio (2006) возило на Renault кое ја доби наградата престижната титула „Автомобил на годината“.

„Сите вработени во Renault Groups и брендот Renault можат да бидат многу горди што ја освоија престижната титула Автомобил на годината. Ова признание потврдува дека донесовме правилни одлуки: рекорден опсег, пространа и привлечна внатрешност и внимателно регулиран еколошки отпечаток! Кога на тоа ќе се додаде задоволството од возењето и опремата достојна за „возило за живот“, како што е новиот панорамски покрив Solarbay или најновата генерација на системот OpenR Link со вградени услуги на Google, можеме слободно да кажеме дека Scenic има се што е потребно за да ја обезбеди својата позиција на европскиот пазар на електрични возила“, Фабрис Камболив (Fabrice Cambolive), директор на брендот Renault.

E-Tech electric, 100% електрично возило изградено на средната платформа AmpR (поранешна платформа CMF-EV), е дизајнирано за професионалци кои ја ценат разновидноста. Благодарение на нулта емисија на штетни гасови, пргавните карактеристики на возењето, малата тежина (1890 kg) и компактните димензии (должина од 4,47 m), Scenic добро се движи во градот! Покрај тоа, погоден е и за подолги патувања, бидејќи нуди опсег до 625 km (WLTP), удобност, многу внатрешен простор и технологија за поголемо задоволство при возењето.

 





НАЈНОВИ