McLaren Artura Spider

Artura Spider е новиот хибриден кабриолет со високи перформанси на McLaren, кој додава извонредна нова димензија на возењето со отворен покрив…

Претставен со значителни подобрувања во моќта, перформансите и ангажираноста на возачот, тој обезбедува највисоки нивоа на динамични перформанси и нуди речиси тивок електричен погон за урбани средини.

Напредните 3.0 литарски мотор со шест вилиндри поставени во конфигурација на латинската буква V и E-моторот сега произведуваат комбинирана моќност од 700 КС.

Надополнувајќи го целосно новиот Artura Spider, надградениот Artura Coupe добива 700 КС од хибридниот погон и бројни динамички и технички подобрувања за зголемено ангажирање и перформанси.

Spider располага со тврд покрив кој се отвора за само 11 секунди за да обезбеди целосно кабриолет искуство во возењето, истовремено обезбедувајќи опојна возбуда на суперавтомобил.

Тежината на Spider од само 1.457 kg ги надминува неговите ривали за дури 83 kg и овозможува сооднос на моќност и тежина од 480 КС на еден тон.

Забрзувањето на Artura Spider речиси не се разликува од Coupe изведбата: од 0, до 100 km/h за 3,0 секунди; од 0 , до 200 km/h за 8,4 секунди; од 0, до 300 km/h за 21,6 секунди; додека пак максимална брзина изнесува 330 km/h.

McLaren Artura Spider и Coupe сега се достапни за нарачка (верзијата Spider започнува со цени во износ од британски 221.000 фунти).





НАЈНОВИ