Mercedes-AMG CLE 53 4Matic+ Cabrio

Кон крајот на минатата година првпат беше претставен Mercedes-AMG CLE 53 4Matic+ Coupe, а во меѓувреме пристигна и верзијата Cabrio…

И Mercedes-AMG CLE 53 4Matic+ Cabrio користи 3,0-литарски бензински мотор со шест цилиндри, кој работи заедно со интегриран стартер од втората генерација и електричен систем од 48 волти кој може да додаде до 23 КС и 205 Nm вртежен момент.

Има вкупно 330 kW/449 КС и вртежен момент од 560 Nm или 600 Nm со функцијата Overboost.

Моторот е поврзан со 9G Speedshift менувачот на AMG, а има и погон на четири тркала.

Автомобилот забрзува до 100 km/h за 4,4 секунди (или 4,2 секунди со опционалниот Dynamic Plus пакет) и достигнува 250 km/h (270 km/h со AMG Driver’s Package).

Додајте го на тоа стандардното управување на задната оска и системот за суспензија AMG Ride Control дизајниран да ја подобри агилноста без да ја жртвува удобноста.

Електрично преклопен мек покрив се отвора за 20 секунди (при брзина до 60 km/h), додека волуменот на багажникот е 295, односно 385 литри.

Mercedes-AMG CLE 53 4Matic+ Cabrio визуелно се издвојува и од другите верзии на Cabrio.

Пакетот вклучува предна табла AMG, поагресивен преден браник, палки на браници, комплет тркала од 19 или 20 инчи, ревидирани LED задни светла поврзани со темноцрвен елемент, заден спојлер како и нови двојни издувни цевки.

Достапен е и опционалниот пакет AMG Optics, како и два AMG Night пакети и AMG Carbon пакет.

Внатрешноста е опремена со волан AMG Performance, црна кожа и Алкантара, црвени контрастни шевови, спортски седишта, амбиентално осветлување, 12,3-инчен дигитален инструмент табла, инфозабавен систем со екран од 11,9 инчи…

 





НАЈНОВИ