Продажбата на Lada, во април, во Русија, се зголеми за речиси 65 отсто

Продажбата на автомобили Lada во Русија во април се зголеми за речиси 65 отсто во споредба со претходната 2023 година и достигна 45.600 возила, соборувајќи го месечниот рекорд на марката во последните 12 години, се вели во соопштението на рускиот производител на автомобили АвтоВАЗ…

За четири месеци од годинава Ladа продала 137.100 автомобили, што е за 49,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Најпродаваниот модел традиционално останува Lada Granta, која го достигна врвот на продажбата во својата историја овој април – порасна за 7,7 отсто на годишно ниво, на 21.400 автомобили.

За четири месеци продадени се 64.000 единици, што одговара на нивото од истиот период лани.

Моделот Lada Vesta во април продаде речиси 13.500 автомобили, а за четири месеци 36.800.

Дополнително, во април се продадени 4.800 Lada Niva Legend, што е за 42,1 отсто повеќе од април 2023 година и е најдобар резултат оваа година.

 





НАЈНОВИ