Организаторите на саемот за автомобили во Женева го објавија списокот на изложувачи за овогодинешното издание на манифестацијата, која ќе започне на крајот на следниот месец во многу поскромно издание од претходните години…
Renault, Dacia, MG, BYD и Lucid се меѓу производителите на автомобили што ќе изложат на саемот, кој се враќа по петгодишна пауза. Неколку познати помали брендови – вклучувајќи ги Kimerа, Microlino и Totem Automobili – се исто така на списокот од 29 изложувачи, како и Isuzu. Потврдени нови автомобили досега се електричните Renault 5, MG 3 и новиот модел на Microlin. Претходно беше најавена и ажурирана верзија на електричниот Dacia Spring.
Ќе биде објавен и победникот на Европски автомобил на годината за 2024 година.
Саемот за автомобили во Женева во 2024 година ќе биде повеќе фокусиран на јавноста отколку во претходните години, со воведување на четири нови „искуствени“ зони дизајнирани да ја покажат сеопфатната тема на саемот: „’Auto Future и Now“.
Таму, Адреналинската зона е посветена на возила со високи перформанси и мотоспорт, додека Design District ќе биде домаќин на изложби на Pininfarinа и познатиот дизајнер Френк Стивенсон (Frank Stephenson). Зоната Mobility Lab ќе прикаже различни форми на личен и заеднички транспорт, а зоната Next World е дизајнирана во партнерство со Polyphony Digital за да обезбеди визија за „иднината на автомобилската индустрија“.
Како дел од изложбата, Polyphony ќе прикаже низа концептни возила GT Vision дизајнирани од производители на автомобили за играта Gran Turismo. Организаторите имаат за цел да продадат 200.000 билети за овогодинешниот настан, кој ќе трае од 26 февруари до 3 март. Датумот во 2025 година ќе биде потврден на крајот на овогодинешниот настан.
Меѓународниот автомобилски саем во Женева (Geneva International Motor Show – GIMS) има за цел „да го зголеми бројот на брендови“ во наредните години, рече претседателот на организаторот Александар де Сенаркленс (Alexandre de Senarclens), признавајќи го отсуството на сите брендови на Stellantis, VW Group, Hyundai Motor Group…
„Сакаме да се вратиме како врвен меѓународен саем за автомобили во светот“, рече тој. „Имавме многу важно место во таа индустрија претходно и сакаме да го вратиме. „Убедени сме дека имаме важна улога во револуцијата на автомобилската индустрија, така што идејата е да ја убедиме не само јавноста туку и сите други брендови кои нема да учествуваат оваа година.
Тој рече дека GIMS има за цел да им покаже на производителите на автомобили дека „не продавате автомобили само преку Интернет. Јавноста треба да ги види и разбере новите модели“. Де Сенаркленс смета дека трендот производителите да организираат „мали настани за промоција на производите на Интернет“ „не е доволен“. „Уверени сме дека салонот за автомобили ќе се врати и ќе стане уште поголем во годините што доаѓаат. Женева има посебна позиција како независно место“.
Список на изложувачи:
- Automobile Club de Suisse (ACS)
- Assura
- Auto-i-DAT
- Beeway
- BYD
- Caresoft Global Ltd
- Classics Legends Motor
- DAB Motors
- Dacia
- ErreErre Fuoriserie
- Fédération Internationale de l’Automobile (FIA)
- Formula 1 Merchandising
- GP Motorsport
- Isuzu
- Kimera Automobili
- Lazareth
- Legends Magazine
- Lucid
- Martin Engler
- MG Motor
- Microlino
- Pininfarina S.p.A.
- Race World
- Renault
- Shenzer
- Silence
- Swiss Racing Lab
- Touring Club Suisse
- Totem Automobili