Произведено е последното Bizzarrini 5300 GT Revival Edition

Две години откако беше првично најавена, серијата Bizzarrini 5300 GT Revival Edition заврши…

Последниот произведен примерок беше обоен во зелена Verde Bosco Ventiquatro, за да одговара на наградуваниот оригинал во сопственост на американски колекционер, користејќи го истиот процес што му го даде на Bizzarrini црвената Rosso Corsa користена за победникот на Ле Ман (Le Mans) во 1965 година во својата класа.

Според информативните агенции, Bizzarrini 5300 GT е придвижуван од 5,3-литарски V8 мотор, кој развива моќ ид повеќе од 400 КС, а односот сила-тежина е споредлив со современите супер автомобили.

„Bizzarrini 5300 GT Corsa Revival има за цел повторно да го претстави брендот Bizzarrini во елитата на автомобилскиот свет.

Откако го комплетиравме првиот автомобил пред 24 месеци, неуморно работевме за да испорачаме автентични и совршени модели на Revival до најстрасните колекционери на автомобили во светот. Стигнавме до крајот на ова поглавје и сме подготвени за следното, и се чини дека ова е уште еден значаен чекор на нашиот пат.

Побарувачката за овој автомобил и интересот за нашите идни планови е токму реакцијата што ја чувствуваме Брендот Bizzarrini, поврзан со еден од најголемите автомобилски инженери и дизајнери на сите времиња, навистина го заслужува тоа Нашето внимание сега се насочува кон развојот на Giotto, за да испорачаме автомобил повеќе од достоен за ценето име“, рече Сајмон Базби (Simon Busby), директор на Bizzarrini.

 





НАЈНОВИ