BMW со тизер слика ја потврди претстојната промоција на ажурираната верзија на Series 1…
Обавата на Инстаграм вели дека фејс лифтираниот баварски компакт ќе пристигне „наскоро“, додека некои сајтови го споменуваат 5 јуни.
Очекувано, модернизацијата нема да донесе драстични естетски промени. Ова треба да значи дека Series 1 во оваа прилика доаѓа со стилски промени веројатно концентрирани на ниво на светлосни групи, маска и браник.
Сето тоа со промени во внатрешноста во однос на воланот, дигиталните инструменти, информативно забавниот систем како и опремата.
Бензинските варијанти на серијата 1 ќе работат без „i“ на крајот од името на моделот. Денешниот M135i на тој начин ќе стане BMW M135, но и послабите модели како 120 ќе доаѓаат без таа индикација во иднина.