Почетна Занимливости Сообраќајната...

Сообраќајната камера се исклучила откако сними премногу казни

563

Радарска камера поставена пред градилиште на автопат во Ротердам згасна пред неколку недели поради премногу снимени автомобили што ја пречекориле дозволената брзина….

Камерата снимила повеќе од десет илјади прекршувања во еден ден, изјави за RTL потпретседателот на јавното обвинителство во холандскиот пристанишен град.

Во принцип, честото снимање не е проблем за мобилната камера за брзина, но системот за обработка не можеше да се справи со големиот број на откриени возачи кои „заработиле“ казна за брзо возење. Поради реконструкција на мостот на автопатот 16, брзината на делницата неодамна беше намалена на 70 км/ч, а голем број возачи не се адаптираа …

Но и властите ја признаа својата грешка. Имено, знаците за работите не беа поставени на далечина, за навреме да се предупредат возачите.

Казните издадени во последните денови се повлечени, а дополнителните знаци сега ги предупредуваат возачите навреме да ја тргнат ногата од гас. Камерата е повторно активирана…

Тестовите во изминатите неколку дена веќе покажаа дека бројот на казни е значително помал од почетокот на месецот.