Направил свој мотоцикл со мотор на Ferrari

Данецот Биргер Хансен и неговиот пријател Микаел Андресон еден ден седеле и разговарале за мотори, кога помислиле на нешто што никој досега не го пробал…

Тие одлучија да ја направат машината од соништата, придвижувана од мотор на Ferrari F355. Па така Андерсон ветил дека ќе го добие гореспоменатиот агрегат, а пак Хансен, долгогодишен возач на две тркала, се задолжил да го изгради мотоциклот.

Она што започна како едноставен разговор на пиво, Хансен и Андерсон решија да го истуркаат до крај и, и покрај можните пречки, да ја завршат својата необична креација.

Андерсон го доби моторот, а Хансен почна да работи. Сè на сè, тој требаше да нарача преку 100 делови направени по нарачка за да ја заврши оваа необична креација.

Моторот на F355 е сместен во шасија на Boss Hoss, а финишот изгледа беспрекорно.

Целиот процес на производство траеше околу 10 години, а во меѓувреме мотоциклот ги доби потребните документи за регистрација, па дури и техничко одобрение и сертификација од TUV.

Проектот претставуваше олицетворение на страста и веруваме дека нема поубаво чувство кога знаете дека вие самите со свои раце направивте мотоцикл со кој крстосува по патиштата.





НАЈНОВИ