Произведен последниот Bugatti Chiron со 1500 КС

Bugatti објави дека на моделот Chiron конечно му доаѓа крајот откако се појави во 2016 година, а сега „последниот“ примерок ја напушти фабриката во Молсхајм, барем на некој начин ,може така да се рече…

Поточно, тоа е последниот произведен Chiron со 1500 КС, а иако е целосно преработен во одделот Sur Measure, сепак ова е само последниот „основен“ Chiron.

Затоа, ова не е дефинитивен крај за Chiron, ниту пак уште подраматично и долгоочекувано финале на моторот W16.

Овој примерок, обоен во ноктурно и бакарни бои, му бил доставен на Билал Хидри (Bilal Hydrie), службеник на канадска нафтена компанија, кој го нарачал својот автомобил уште во ноември 2021 година и потрошил околу 3 милиони долари за него.

Неговиот „последен“ Chiron беше произведен по испораката на последниот модел Chiron Super Sport 300+, а последниот Chiron Profilée достапен за клиентите беше продаден за 10,8 милиони долари на аукција минатата 2023 година.

Засега не е познато колку примероци од моделот Chiron Pur Sport се останати, што важи и за моделите Mistral и Bolide со W16 мотори.

Сè уште не се познати датумите на испорака на овие автомобили, а од компанијата велат дека „последниот Chiron ќе биде испорачан во следните неколку месеци“.

Последниот пример со W16 мотор ќе биде меѓу тие автомобили, бидејќи наследникот на Chiron ќе усвои хибриден V8 мотор наместо 8.0-литарски мотор.

Овој автомобил треба да биде претставен оваа година, додека почетокот на производството се очекува во 2026 година.

Во меѓувреме, може само да се претпостави уште колку „финални“ автомобили ќе ја напуштат фабриката во Молсхајм пред конечно да пристигне долгоочекуваниот наследник на Chiron.





НАЈНОВИ