Hyundai и неговиот оддел за воздухопловство, Supernal, го прикажуваат S-A2, уште едно концепт електрично летечко возило (eVTOL – electric vertical take-off and landing -електрично вертикално полетување и слетување) на саемот CES во Лас Вегас…
S-A2 се надоврзува на темелите поставени од неговиот првичен концепт, S-A1 (дебитираше на CES 2020). Тој еволуираше во посеопфатна форма подготвена за производство, нудејќи увид во визијата на Hyundai и Supernal за иднината на воздушната мобилност.
Има осум пропелери кои му овозможуваат на S-A2 да се движи со брзина од 193 km/h и до висина од 457 метри. Hyundai вели дека eVTOL првично ќе биде дизајниран за кратки патувања од 40 до 64 km.
Supernal вели дека сега работи на рафинирање на концептот S-A2 за да биде подготвен за сертификација. Исто така вели дека нејзиното возило е дизајнирано да ги исполнува стандардите за летови низ целиот свет и предвидува дека ќе биде подготвено да излезе на пазарот во 2028 година.