Наскоро ни пристига Alfa Romeo Milano

Уталијанската автомобилска марка Alfa Romeo (инаку во целосна сопственост на идентитетот Stellantis) уште претходно најави дека на 10 април оваа 2024 година ќе го претстави својот нов SUV модел од B сегментот што го носи името Milano, а за потсетување и за одржување на тензиите и поттикнување на исчекувањата, сега пристигнува и нова тизер слика…

Тоа ќе биде најмалиот модел во палетата на италијанската марка, која моментално ја сочинуваат Giulia, Stelvio и Tonale, а Alfa објави дека Milano  ќе му даде приоритет на уживањето во возењето, со цел да обезбеди „директно и прецизно управување“.

Името Мilano ќе го носи во чест на градот Милано, каде компанијата е основана во минатиот век, поточно во 1910 година.

Исто така, во тој град ќе се одржи и официјалната презентација во април оваа 2024 година.

После тоа, целосно електрична верзија ќе се појави на пазарот во септември истата година, како и со благ (mild) хибриден бензинец кој ќе се приклучи на линијата два месеци подоцна.

Инаку кога говориме за големината димензиите на Milano ќе биде долг околу 420 cm и ќе биде изграден на CMP/eCMP платформата на Групацијата Stellantis, односно ќе ја споделува заедно со роднините од Групацијата – Fiat 600 и Jeep Avenger.

Варијантата со погон на мотори со внатрешно согорување, најверојатно ќе вклучува некоја форма на електрификација за подобрување на ефикасноста, како и за намалување на емисиите на штетни издувни гасови и зголемување на моќноста.

Соодветна опција може да биде 1,2-литарскиот турбо благ хибрид што се користи во Fiat 600 Hybrid и Jeep Avenger Hybrid.

Алтернативно, пак, Alfa Romeo може да се одлучи за помоќна верзија, достапна во сродни модели од Peugeot и Opel, обезбедувајќи со тоа предност во перформансите.

Сепак, најинтересна и за јавноста, како и за експертите ќе биде целосно електричната верзија.

Таа изведба би требало да доаѓа со погон на сите четири тркала, како и со батерии со капацитет од 54 kWh, со електричен опсег, со едно полнење на пакетот на батерии од околу 400 km.

Сè на сè, Alfa Romeo планира да постави нови правила за овој глобално популарен сегмент.

На крај ќе речеме дека автомобилската сцена се развива сè побрзи и нуди широк спектар на возила во се попопуларниот SUV сегмент, при што новата линија на овој италијански бренд со богато спортско наследство уште еднаш ги дефинира нејзините амбиции.





НАЈНОВИ