Кинескиот Xiaomi вели

Електричниот автомобил на овој производител има поголем домет со едно полнење на батериите од автомобилите на Tesla…

Во наводите на Xiaomi  се вели дека нивниот електрчен автомобил SU7 ќе биде претендент на пазарот на електрични автомобили, особено во Кина. Ова е првиот автомобил на електронскиот гигант, а тестирани се 576 прототипови.

Компанијата објави дека автомобилот бил тестиран на вкупно 5,4 милиони километри.

Извршниот директор на Xiaomi, Леи Јун, лично возел 3000 км. Од тоа, тој поминал 1.276 километри меѓу Пекинг и Шангај со просечна брзина од 100 km/h и две застанувања за полнење. Патувањето траело вкупно 15 часа, соопшти компанијата преку Weibo.

Според специјализираните магазини и портали, досегот на автомобилот е 800 km според CLTC, што е повеќе од Tesla Model 3.

Ако застанете и полните од 15 проценти до 85 проценти на капацитетот на батериите, ефективниот опсег е околу 560 km.

Автомобилот исто така беше тестиран во сите услови, како на пример на температури од -40 до 60 степени Целзиусови.

За одбележување е и тоа што се возел и на планина на надморска височина од 4768 метри.

Во оваа информација се вели и дека Xiaomi SU7 има максимална брзина од 265 km/h, а 0-100 km/h има забрзување за само 2,78 секунди.

Автомобилот има електромотори со моќност од 673 КС и максимален вртежен момент од 838 Nm.

Во тој контекст следи и информацијата дека отпорот на воздухот е најмал во светот за сериски автомобил и изнесува 0,195 Cd.

Покрај тоа, Xiaomi објави дека клиентите можат да се одлучат за физички копчиња или екран на допир, за командите што е уште еден елемент на персонализација. Инаку, првите автомобили ќе бидат достапни во 29 различни кинески градови до крајот на март, односно за некој ден, а наскоро на списокот за продажни места ќе бидат додадени уште 10 градови.





НАЈНОВИ