Наскоро пристигнува нов BMW X3

Новиот BMW X3, со кодно име G45, ќе ги задржи сите типови на погони во својата палета…

Минатата 2023 година најпродаван модел на BMW беше X3 со над 350.000 продадени примероци. Токму така, X3 ја престигна познатата Series 3. Затоа и не е чудно што Баварците решија да го задржат моделот во продажба и да го стават до моделите на Neue Klasse.

Новиот X3 пристигнува по седум години, а ќе ја користи истата платформа CLAR. И покрај ова, шефот на проектот Мартин Делиц (Martin Delitz ) изјави за Autocar: „Реконструиравме многу елементи, вклучително и шасијата, за да обезбедиме уште поширок опсег на карактеристики на возење и дополнителна удобност при возењето. Електричната архитектура е исто така нова, што ни овозможува да понудиме поефикасно возење опции и понапредни системи за помош при возење“.

Како што пренесуваат информативните агенции, тоа ќе биде првиот модел со нова номенклатура, кој повеќе не ја користи буквата „i“ во името на бензинските модели. Дизелите ќе го задржат „d“, а plug-in хибридите „e“.

Да, добро прочитавте, новиот X3 ќе ги нуди сите типови на погони, а понудата ќе оди од xDrive 20(d) сè до верзијата M50, единствената со шест цилиндри. Кога станува збор за хибридот, тој добива поголема батерија со капацитет од 18,9 kWh, а со тоа и зголемен електричен опсег. Секако, X3 M ќе дојде подоцна, а секој ќе може да се пофали со поаеродинамична форма со помала висина и поголема ширина.

Со должина од 4755 mm и ширина од 1920 mm, X3 порасна за 42 mm и 23 mm, соодветно. Сепак, неговата висина е намалена од 1676 mm на 1660 mm. И покрај издолжувањето, меѓуоскиното растојание останува исто – 2865 mm, но трагите на предните и задните тркала се малку пошироки.

Зголемената вкрутеност (цврстина), поголема трага на тркалата и опционална адаптивна суспензија ќе обезбедат подобри возни карактеристики во споредба со сегашната генерација.

Во кабината очекуваме дигитален кокпит со оперативниот систем OS9 и некои компоненти од Сериес 5. На пример, воланот е познат од „ петката“, а истата таа „петка“ ќе биде инспирација и за изгледот на централната конзола. Поголем е и багажникот, за 20 литри до стандардните 570 литри.

Четвртото издание на популарниот SAV на BMW ќе биде и технолошки најнапредно. Најавени се дури 40 системи за помош, вклучувајќи AR дисплеј и камера од 8 MP за препознавање објекти, заедно со дополнителни камери и ултразвучни сензори.

Цените и точниот датум на пазарната премиера ќе бидат објавени подоцна во тркот на годината.





НАЈНОВИ