Наследникот на Lamborghini Huracan, кој треба да дебитира подоцна во текот на оваа 2024 година, означува значајна еволуција во линијата на супер автомобили на марката Lamborghini…
Бидејќи не се планира механички поврзан Audi R8, според претходните информации, Lamborghini има слобода да развие замена за Huracan како независен производ, без никакви компромиси.
Истиот би требало да се базира на нова платформа која е исклучиво развиена за супер автомобилот, но не е исклучено да биде споделена со другите членови на групацијата Volkswagen. Во секој случај, првично само Lamborghini ќе има пристап до хардверот.
Наследникот на Huracan ќе го загуби атмосферскиот V10 мотор во корист на помалиот plug-in хибриден погон, најверојатно базиран на twin-турбо V8 мотор.
Еден од ретките потврдени детали е дека Lamborghini ќе го користи истиот 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка што се наоѓа во Revuelto.
Има извештај кој вели дека турбо полначите нема да се активираат до 7.000 вртежи во минута, додека електричниот мотор ќе се наоѓа помеѓу V8 моторот и менувачот DCT.
Електрификацијата е неопходна затоа што дури и Lamborghini мора да ги исполнува сè построгите прописи за емисиите.