„Nissan“ го претстави обновениот „Qashqai“, еве што е ново

Пионерот на сегментот компактни кросовери, „Nissan Qashqai“, во своето трето издание е трета година на пазарот. Време е за редизајн.

По повеќе од 350.000 продадени примероци во Европа, „Nissan“ ни го претставува обновеното издание на моделот.

Освежен надворешен изглед

Обновенот модел однапред веднаш ќе го препознаете поради новиот дизајн на маската, наводно инспирирана од металните ваги на древните јапонски витешки оклопи. Нови се и светлата, со одвоени петделни дневни светла и нова графика на задните светла.

 

 

 

Арматурната плоча, влошките на вратите, потпирачите за раце на вратите, капакот на централната конзола и потпирачите за колена се обложени со алкантара, што на внатрешноста и дава поквалитетно чувство. За подобро опремените верзии, сметајте на кожни навлаки и амбиентално осветлување во неколку нијанси.

Во технолошка смисла сопствениците ги очекува обновен „Around View Monitor“ со снимки од четири надворешни камери кои пружаат поглед на возилото од птичја перспектива и овозможуваат полесно паркирање. Системот е проширен со 3D функција која го шири тој поглед на возилото од сите страни, вклучувајќи приказ преку поклопот на моторот. Новитет е и можноста за „Меморирање на локацијата на паркинг местото“.

 

 

 

Подобрени се и останатите системи за асистенција. Во понудата има и „e-Power“, погон со трицилиндарски бензинец чија намена е полнење на батеријата, а возењето се одвива исклучиво на струја.

Цената и точниот термин за доаѓање на пазарот ќе бидат дополнително објавени.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 





НАЈНОВИ