Honda ќе ги менува имињата на своите електрични автомобили во Кина

Honda ќе ги смени имињата на своите електрични автомобили во Кина бидејќи на клиентите таму префиксот e:N им е премногу тежок за изговор…

Јапонската марка веќе претстави нов систем за именување на автосалонот во Пекинг, почнувајќи од големиот теренец Ye P7 кој ќе биде пуштен во продажба во Кина подоцна оваа година.

Според пишувањата на британските медиуми, Honda Велика Британија (UK) го увезува својот единствен EV, малиот SUV e:Ny1, од Кина, од каде потекнува конвенцијата за именување e:N, но името во Кина ќе се смени кога автомобилот ќе се обнови, изјави извор близок до Honda.

„Клиентите во Кина едноставно не можат да го изговорат“, изјави овој извор за британски Autocar.

Ажурирањето планирано за следната година, исто така, вклучува некои од дизајнерските карактеристики на P7, како што е осветлената значка на Honda, рече изворот.

Во Кина, Honda го користи името e:NS1 или e:NP1 за својот мал електричен SUV, во зависност од тоа дали автомобилот е направен во заедничко вложување со Dongfeng или GAC, додека во Европа користи e:Ny1.

Според новата шема на именување, Honda ги задржа буквите P и S во Кина во зависност од тоа која заедничка компанија го произведува автомобилот, што значи дека може да го преименува автомобилот во Y1 во Европа.

Новиот P7/S7 е првиот од новите автомобили од серијата Ye на Honda, базиран на ново развиената EV платформа. Honda објави дека ќе лансира вкупно 10 нови електрични возила во Кина до 2027 година.

 





НАЈНОВИ