Nissan Kicks

Nissan во Америка ја претстави новата генерација на кросоверот Kicks, кој за неколку дена ќе биде претставен пред пошироката јавност на саемот за автомобили во Њујорк…

Автомобилот е поголем од порано, има повеќе простор за патници и багаж, има помоќен мотор и нуди погон на сите тркала како опција.

Nissan Kicks за 2025 година ќе биде достапен само со нов 2,0 литарски атмосферски со четири цилиндри бензински мотор со 104 kW/141 КС и 190 Nm максимален вртежен момент, што е за 13 kW/17 КС и 36 Nm повеќе во споредба со 1,6 литарскиот мотор во претходната генерација.

Моторот е поврзан со Xtronic CVT менувач, додека погонот е со погон на предни или на сите тркала.

Опционалниот Интелигентен систем за погон на сите тркала, достапен низ целата линија, се издвојува како клучна карактеристика на новата генерација.

Во комбинација со режимот на возење „Снег“  (Snow)и растојанието од подлогата од 213 mm, ги подобрува можностите на кросоверот за лесно возење надвор од патот.

Kicks 2025 има помодерен изглед од неговиот претходник, а инспирацијата се наоѓа во поголемиот Pathfinder што се продава во Кина.

Во однос на димензиите, новиот Kicks е долг 4366 mm, широк 1801 mm и висок 1626-1631 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2657 mm за верзијата со погон на предните тркала и 2664 mm за варијантата 4×4.

Тоа значи дека новиот Kicks е 71 mm подолг, 141 mm поширок и 20 mm повисок од претходната генерација.

Исто така, нуди дополнителни 38-43 мм простор за рамената, 23 мм простор за нозете и попрактичен багажник со скриен простор за складирање  под подот на багажниот.

Внатрешноста доаѓа со дигитален кокпит и засечен Управувач, односно со рамно дно.

Почетните, oсновните, верзии имаат два екрани од 7 инчи, додека врвните верзии имаат екрани од 12,3 инчи.

Во понудата ќе има три пакети опрема (S, SV и SR), а купувачите можат да се одлучат и за два Premium пакети, кои вклучуваат функции како што се панорамски подвижен покрив и Bose аудио систем со 10 звучници, вклучувајќи ги и оние интегрирани во предните потпирачи за грб за главата.

Сите верзии доаѓаат стандардно со пакетот системи за помош на возачот Nissan Safety Shield 360 ADAS Suite, додека врвната верзија SR го нуди и пософистицираниот систем ProPILOT Assist.

Продажбата на пазарите од другата страна на големиот океан, во САД и во Канада би требало да започне кон крајот на летото тековната 2024 година, а во однос на цените тука е и информацијата дека истите ќе бидат објавени непосредно пред лансирањето на пазарите.





НАЈНОВИ