Nissan сака да го направи производството на ЕV поевтино и побрзо

Најдобрата технологија на Теslа не се неговите електрични автомобили, туку процесот што го користи за нивно масовно производство…

Американците успеаја повторно да го „откријат тркалото“ и сите ривали се обидуваат да ја копираат нивната идеја.

Nissan беше еден од првите брендови што се впушти во електричната мобилност, дури и пред Tesla. Водени од желбата да бидат различни, Јапонците го претставија првиот масовен електричен автомобил во светот, Nissan Leaf.

Иако доминираа на пазарот долги години, еволуцијата и раѓањето на нови ривали го срушија Nissan од врвот. Сепак, Јапонците имаат големи планови да ја свртат ситуацијата. Еден од клучните фактори ќе биде да ги направат своите електрични автомобили профитабилни, а за да го постигнат тоа имаат намера да ја копираат најлошо чуваната тајна на Tesla, според тоа што го пренесуваат информативните агенции.

Компанијата предводена од Илон Маск  (Elon Musk) покажа дека електричните автомобили се реалност и дека можат да бидат профитабилни. Со само четири модели на пазарот, Tesla го освои меѓународниот пазар, при што Model Y стана најпродаваниот автомобил во светот во 2023 година. Преку овој процес, профитабилноста е од суштинско значење за деловниот континуитет. Tesla е една од марките кои заработуваат најмногу за секој продаден автомобил, што не може да се каже за електричните автомобили на Nissan. Откако практично беше заборавен, Leaf го напушти пазарот без да остави наследник.

Nissan се движи кон производствен процес наречен „gigacasting“ за да ја подобри профитабилноста на своите електрични возила. Следниот Nissan Leaf ќе пристигне во 2025 година со сосема поинаква каросерија од онаа што ја знаевме досега. Тоа ќе биде компактен SUV и неговите многу нови карактеристики ќе вклучуваат нова и поедноставена производна процедура, добро познатиот „метод на Теslа“. Без сомнение, гига – кастирањето е најлошо чуваната тајна на Америка. Американците „притискаат“ („печатат“) големи парчиња метал во огромни печки за леење челик, а потоа ги обликуваат деловите од каросеријата за неколку секунди по нанесувањето на пресата.

Процесот на склопување е значително скратен и можно е да се произведува повеќе и побрзо, а притоа да се намалат трошоците во текот на целиот процес. Тоа е идеја што Nissan сака да ја спроведе во своите следни електрични автомобили. Leaf ќе биде првиот, но нема да биде последен. Јапонците сакаат да лансираат 30 нови автомобили пред крајот на оваа деценија. Меѓу нив можеме да ги вклучиме електричните Qashqai и Juke. Двата модели ќе бидат достапни од следната година, а нивното производство ќе продолжи да се одвива во Европа.

Nissan се надева дека ќе започне да го користи методот на гигакастинг (gigacasting ) од 2027 година, една година пред да може да понуди батерии во цврста состојба, уште еден важен предуслов за новата генерација возила на батерии. Јапонците веќе набавија специјални преси за побрза обработка на метал. Иако не се толку големи како оние што ги користи Tesla, тие се поголеми од оние што ги користи Toyota.

Сепак, примената на gigacasting бара и големи и важни промени на остатокот од возилото, како што е платформата. Таа, исто така, носи големи и важни промени во секторот пост-продажбата





НАЈНОВИ