Hondа сака да изгради хипер автомобил со F1 технологија

„Победи во недела, продавај во понеделник“ е слоганот со кој производителите на автомобили вклучени во мотоспортот „живејат или умираат “.

Победата е добра за бизнисот, а Hondа постигна доста победи во Формула 1 во последните неколку сезони во соработка со FT тимот на Red Bull. Можеби е време јапонскиот производител да ги прослави своите успеси со нов хипер автомобил?

Говорејќи за американскиот The Drive на Индијанаполис 500, претседателот на Honda Racing Corporation, Којџи Ватанабе (Hondа), рече дека постои желба да се создаде хиперавтомобил кој го слави учеството на Honda во Формула 1.

„Да, да, но сè уште нема планови. Но, во иднина сакаме да направиме такво возило комбинирано со технологијата F1“, рече Ватанабе.

Според информативните агенвии, ова е добра вест за сите традиционални фанови на Honda, иако огромното мнозинство од нив нема ни да сонуваат да купат ваков автомобил.

Honda има голема традиција на производство на возбудливи спортски автомобили од секаков вид, но во последно време тоа целосно згасна и ние главно добиваме само нови штедливи хибриди и електрични автомобили од Јапонија.

Создавањето нешто како идниот хипер автомобил Red Bull или Mercedes AMG One би бил голем предизвик за Honda, но и голема реклама за овој производител. Знаењето што Honda го собра од своето време во Формула 1 несомнено би било многу вредно за ваков проект.

Се чини дека се е логичен потег и затоа што Honda официјално се враќа во Формула 1 со болидите на Aston Martin во 2026 година.

Всушност, Honda официјално ја напушти FФ1 во 2021 година, но нивниот мотор се уште го користи Red Bull, кој постојано го надградува и подобрува со помош на техничарите на Honda.





НАЈНОВИ