Утре Ford официјално ќе го претстави својот нов електричен Coupе-SUV, за кој британските медиуми велат дека треба да го носи легендарното име Capri (по купето кое се произведуваше помеѓу 1969 и 1986 година), сето тоа како дел од новата маркетинг кампања…
Новиот Capri ќе го дели само името со старото, бидејќи ќе биде електрично купе-SUV возило базирано на MEB платформата на Volkswagen. Се очекува Capri всушност да биде братучед на новиот Ford Explorer EV (долг 4460 mm), исто така базиран на гореспоменатата платформа MEB, која нуди избор помеѓу три енергетски единици (од 170 КС до 340 КС) и два батерии (капацитет од 52 kWh и од 77 kWh). Полнењето 10-80 проценти од капацитетот на батеријата на брзите полначи ќе трае околу 25 минути.
Новиот Capri првично требаше да биде лансиран околу шест месеци по Explorer EV, но вториот автомобил беше одложен за да може Ford да го измени автомобилот за да користи нов пакет батерии. Во февруари 2021 година, Ford објави дека планира да продава само електрични патнички автомобили во Европа од 2030 година.Сепак, побавното од очекуваното прифаќање на електрични возила ја принудува компанијата да го ревидира својот првичен план.
Имено, новата стратегија не ја исклучува продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување и во следната деценија, доколку има доволно побарувачка. Што се однесува до идните планови, целосно електричната верзија на crossover моделот Puma ќе дебитира кон крајот на оваа 2024 година. Puma Gen-E ќе се составува во фабрика во Крајова, Романија. Explorer EV на MEB платформата на Volkswagen неодамна почна да се гради во фабриката во Келн, а наскоро ќе пристигне и овој Ford EV кој треба да го оживее името Capri.
Ford презеде огромен ризик со отфрлање на некои од неговите најважни модели, надевајќи се дека електричните возила ќе се фатат. Побарувачката за електрични автомобили се лади (опаќа), сепак, предизвикувајќи загриженост за плановите на компанијата. Конкурентите не ги повлекоа своите традиционални автомобили со мотори на внатрешно согорување, така што луѓето кои бараат автомобили што како погонско гориво користат бензин сè уште имаат многу избор.
Foprd неодамна навести дека може да понуди помали електрични автомобили од 2026 година, откако лансираше семејство од четири електрични SUV модели во Европа.