Fiat го проширува своето семејно портфолио со новиот модел кој е наменет за купувачи што бараат практичност,простор флексибилност по прифатлива цена. Станува збор за возило кое комбинира карактеристики на миниван и патнички комби, со јасен фокус на секојдневната употреба и семејните потреби.
Qubo L ќе се нуди во две должини, со можност за пет или седум седишта, што го прави погоден и за поголеми семејства. Внатрешноста е исклучително практична, со бројни конфигурации на седиштата и голем багажник, кој лесно се прилагодува за превоз на патници или товар.Во понудата ќе бидат вклучени и дизел мотори, што е сè поретка опција кај новите модели, но сè уште многу барана кај возачите што поминуваат подолги релации. Покрај дизелот, се очекуваат и бензински, како електрични изведби, во зависност од пазарот и конфигурацијата.
Дизајнот е функционален и модерен, со нагласена висина на каросеријата и големи лизгачки врати, кои овозможуваат лесен влез и излез – особено практично во градски услови и тесни паркинзи. Во кабината доминира едноставен распоред, со современи безбедносни системи и основна дигитализација
Со новиот Qubo L, Fiat јасно таргетира купувачи на кои им е поважна употребната вредност отколку луксузот, нудејќи просторно и економично возило кое може да одговори на различни животни и деловни потреби.