Како еден од најпрепознатливите светски брендови, Ferrari внимателно ја следи состојбата на пазарот и сето она што го носи логото на брендот и не е официјално произведено…
Успехот на Ferrari значи дека неговото име и лого се привлечни за оние кои произведуваат фалсификувани производи, од маици до автомобили. Но, италијанскиот бренд има јасна цел, да ги пронајде сите фалсификати и да ги уништи. Како што неодамна беше објавено на Twitter/X, Ferrari беше одговорен за уништување на повеќе од 400.000 нелегални копии минатата година.
Меѓу нив имало повеќе од 100.000 парчиња облека, 17.438 пара чевли и близу 70.000 рачни часовници и 30.161 примероци од парфеми на Ferrari. Уништени се 800 имитирани скутери – и дури три лажни автомобили, соопштија специјализираните портали.
Зборувајќи за магазинот за лажни автомобили на Ferrari, Карло Данео (Carlo Daneo), главен правен советник на Ferrari, рече:
– Некои возила се толку добро фалсификувани што завршуваат на аукции и наша задача е да ги пријавиме во аукциските куќи за да можат да ги повлечат од пазарот. Целта ни е секогаш иста, не е секогаш доволно да ги отстраниме од пазарот, сакаме да бидат уништени.
На крајот на 2023 година, брендот започна програма за наградување за луѓето кои ќе најдат и ќе пријават фалсификати. На веб-страницата на Ferrari има дури и посебен дел кој овозможува доставување информации за фалсификати. Инаку, на главната фотографија е уништеното Ferrari 360 Modena, а ова е преглед на запленетата и уништената стока.