Mazda MX-5 без 2.0 литарски мотор во ЕУ

Поради строгите регулативи за емисиите на ЕУ, Mazda беше принудена да го укине моторот од 2,0 литри во MX-5 (Miata)…

Од друга страна, MX-5 со овој поголем мотор сè уште може да се купи во Велика Британија, која ја напушти Европската унија во јануари 2020 година.

А во земјите на ЕУ, помалиот мотор од 1,5 литри ќе биде единствената опција, според Motor1.

Иако MX-5 со поголемиот мотор повеќе не може да се нарача во ЕУ, Mazda вели дека има уште неколку автомобили на залиха.

Кога ќе се продадат, 2.0 литарскиот мотор ќе го нема.

Моторот од 1,5 литри има моќност од 132 КС и 152 Nm максимален вртежен момент. Тоа е 52 КС и 53 Nm вртежен момент помалку од поголемиот мотор. Од друга страна, Miata со агрегат од 1,5 литри е нешто полесна и секако поевтина.

Што се однесува до нас, двата мотори се уште се достапни на веб-страницата на увозникот на Mazda за нашата земја , па така и тие што сакаат да уживаат во перформансите и управувањето со помоќната верзија нема да бидат оштетени.





НАЈНОВИ