Home Uncategorized Opel Mokka Hybrid

Opel Mokka Hybrid

0
Opel Mokka Hybrid

Opel продолжува да ја проширува својата гама на хибридни возила. ..

Елегантниот нов Opel Mokka Hybrid ја проширува гамата на автомобили со 48 V хибридна технологија. Комбинацијата од турбо бензинец со 100 kW/136 КС, електричен мотор од 21 kW/28 КС и шест (6) степен менувач со двојна спојка помага да се намали потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 до 20 проценти. Mokka Hybrid овозможува целосно електрично возење при мали брзини, без локални емисии.

Покрај  турбо моторот со три цилиндри кој е специјално развиен за хибридна употреба, новиот Opel Mokka Hybrid има 48 V литиум-јонска батерија која автоматски се полни при забавување. Во овој случај, електричниот мотор делува како генератор, така што надворешен извор на енергија, како домашен приклучок или јавен полнач, не е потребен за полнење на возилото со електрична енергија. Електричниот погон му помага и на бензинскиот мотор при забрзување и движење од место.

 

Електричниот мотор испорачува вртежен момент веќе при ниски вртежи, што помага во динамиката на возењето и ги намалува емисиите на CO2. При мали брзини, електричниот мотор овозможува и целосно електрично возење до еден километар или до 50 проценти од времето за време на возење во град. Оптимално прилагодениот систем секогаш дава најдобри перформанси со најниска потрошувачка на енергија.

Изразено во бројки, хибридниот погон ја намалува потрошувачката на гориво за приближно 20 проценти во споредба со моделот со конвенционален погон. Додека сличниот Mokka 1.2 Turbo со осум (8) -брзински автоматски менувач троши 6,1 l/100 km според WLTP (емисии CO2: 137 g/km; класа на емисија на CO2: E), новиот Mokka Hybrid троши само 4,9 литри на 100 km (емисии на CO2 : 110 g/km класа на емисија на CO2.

Оптималната интеракција на сите компоненти на хибридниот систем не само што има позитивен ефект врз потрошувачката на гориво, туку се рефлектира и во значително подобрен комфор при возење. Возачите на Mokka Hybrid можат да ги изберат следните режими на возење: Eco, Normal и Sport. На новата Mokka Hybrid му требаат само 9,1 секунди за да забрза од 0 до 100 km/h, а може да достигне максимална брзина од 207 km/h.

Како и обично, Mokka Hybrid им овозможува на возачите да ги следат сите важни информации преку целосно дигитален кокпит Pure Panel кој се состои од дигитален дисплеј за информации за возачот и екран на допир во боја.

Покрај вообичаените информации, прикажува и дополнителни детали за работата на електричниот погон. На пример, постојат специфични екрани за хибридот за постојано прикажување на моќноста и брзината, каде што бројките светат сино кога се користи само електричниот погон и бели кога работи и SUS моторот.

Вториот екран го прикажува протокот на енергија помеѓу батеријата, бензинскиот мотор и тркалата, како и состојбата на полнење на батеријата означена со различни бои.

Најважните податоци за поминатото растојание, времетраењето на патувањето, просечната потрошувачка, преостанатиот опсег и процентот на рутата помината исклучиво со електричен погон може да се видат во резимето на патувањето по исклучувањето на возилото.

 

ПР Opel