Продажбата на нови автомобили во мај падна во Европската унија

Продажбата на нови автомобили на пазарот на Европската унија (ЕУ) падна за три отсто во мај во споредба со истиот месец минатата 2023 година, јавува Anadolu…

Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) објави податоци за регистрација на нови автомобили во земјите-членки на ЕУ за мај.

Според најновите податоци, продажбата на нови автомобили во земјите на Европската унија минатиот месец паднала за три отсто во однос на истиот месец во 2023 година, достигнувајќи 911.697 единици.

Како што е наведено, 35,5 отсто од новите автомобили продадени во земјите-членки на ЕУ се бензински, 29,9 отсто хибриди, 13 отсто дизел, 12,5 отсто електрични, 6,5 отсто plug – in hybrid модели, а 2,6 отсто се возила што користат други видови гориво.

Продажбата на електрични автомобили во мај паднала на 114.308 единици, што е за 12 отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Продажбата на нови автомобили во мај е намалена за 6,6 отсто во Италија, 4,3 отсто во Германија и 2,9 отсто во Франција во однос на истиот период лани, додека во Шпанија е зголемена за 3,4 отсто.

Во периодот јануари-мај годинава вкупната продажба на нови автомобили е зголемена за 4,6 отсто во однос на истиот период лани и достигна 4,5 милиони единици.

 





НАЈНОВИ