Оваа година и pick –up на Kia

Иако поставата на Kia продолжува да расте, модерен pick – up за глобалниот пазар сè уште недостасува во гамата, додека сестрата Hyundai веќе некое време го нуди Santa Cruz.

Затоа Kia годинава ќе претстави пикап кој треба да го носи името Tasman и кој би бил наменет за Австралија и Нов Зеланд, како и за Блискиот Исток, Јужна Африка, а веројатно и Јужна Америка.

Се вели дека е пик-ап во верзии со 2 и 4 врати, со избор помеѓу варијантите 4×2 и 4×4, како и носивост од околу 1000 kg.

Засега е потврдено дека ќе биде достапен и со дизел мотор. Најверојатно се работи за 2,2-литарски CRDi турбо-дизел агрегат кој веќе се нуди во некои модели на Hyundai и Kia.

Премиерата се очекува кон крајот на оваа година, а лансирањето на пазарот на почетокот на 2025 година, кога ќе започне во сегментот каде меѓу другите ривали ќе му бидат Toyota Hilux и Ford Ranger.

Претходна
Следна




НАЈНОВИ