Пристига новиот MINI John Cooper Works

Се вели дека автомобилот е „развиен за да ги помести границите на брзина и агилност“…

Британските медиуми јавуваат дека новиот MINI John Cooper Works ќе биде претставен оваа есен, а за прв пат ќе биде достапен со избор на бензински или целосно електрични погонски агрегати.

Иако автомобилот нема да биде откриен до есен, камуфлиран модел ќе биде прикажан порано, за време на овогодинешниот 24 часа Нирбургринг.

Камуфлажата JCW ја користи истата црвена и бела комбинација на бои како класичните мини рели автомобили од шеесетите, особено онаа што ја возеше Педи Хопкирк (Pedi Hopkirk) до победата на релито Монте Карло во 1964 година. Нумерирањето „37“ е исто така почит на тој познат автомобил.

Лаците над тркалата се проширени, а одзади има нов спојлер на покривот, како и издувна цевка во средината на поагресивниот заден браник.

За бензинската верзија се очекува 2.0-литарски четирицилиндричен турбо мотор со близу 250 КС.

Како што sega za sega стојат работите, новиот MINI JCW нема да се нуди со рачен менувач.

Од друга страна, целосно електричниот MINI John Cooper Works E најверојатно ќе ја користи истата батерија од 54,2 kWh како и MINI Cooper SE.

Тој модел има опсег од приближно 400 километри, иако малку е веројатно дека JCW E ќе може да помине толку далеку со едно полнење.





НАЈНОВИ