Почетокот на сериското производство на електрични возила „Аtom“ во руската фабрика за автомобили „ Moskvich“ е планиран за третиот квартал наредната година, изјави генералниот директор на компанијата „Кама“ Игор Поваразадњик.
Компанијата „Каmа“ работи на развој на електрични возила „Atom“, наведуваaт информативните агенции.
„Планираниот почеток е следната година и, како што најавивме, третиот квартал“, рече Поваразанџик на маргините на форумот „Русија-исламски свет“ во Казан.
Според неговите зборови, фабриката постепено ќе го зголемува производството и најмногу ќе зависи од тоа како ќе се одвива испораката и побарувачката за овој тип возила во наредната година.
Електричниот автомобил ќе може да достигне брзина од 100 km/h во рок од осум секунди, со многу силна енергетска резерва, така што ќе може да издржи да вози со едно полнење дистанци до 500 километри.